Амбасадорката на Франција во Р. Македонија, Лоренс Оер заедно со висока делегација од регионот на Долна Нормандија предводена од претседателот Лоран Бове , престојува во Охрид.
Почесните гости вечерва остварија средба со претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњаноска. На средбата на која присуствуваа и претставници од Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) се разговараше за интензивирање на соработката меѓу двата градови, Охрид и Каен кои имаат потпишано меморандум за соработка.
Општина Охрид веќе има аплицирано до регионот на Долна Нормандија со проект за изработка на план за интегрирана заштита на старото градско јадро во Охрид а претставници од општината Охрид на почетокот од овој месец беа во Каен со цел да стекнат искуства за заштита на стариот градски дел.
Повод за вечерашната работна средба беше отворањето на Канцеларијата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија што денеска се случи во Скопје.
Годинава навршуваат 10 години од официјалното партнерство помеѓу Долна Норамандија и Р. Македонија.
Извор: www.ohrid.gov.mk |