Заменик, градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев заедно со своите сограѓани, присуствуваше на промоцијата на ЦД изданието за животот и делото на Прличев, по објавувањето на поемата „ Сердарот“ што денеска се одржа во НУ Библиотека “Григор Прличев“ со што започна годинешната манифестацијата “Прличеви беседи “.
Ова издание заедно со ЦД-то кое во рамки на истата манифестација беше промовирано минатата година, а кое се однесува на детството и младешките години на поетот до објавувањето на поемата “Сердар“, представуваат прв материјал кој го поседува библиотеката во аудио форма а кој се однесува на животот и делото на поетот од неговото раѓање до смртта.
Издавањето на ова ЦД е помогнато од Министерството за Култура на Република Македонија, во рамки на проектот “Прличеви Беседи“. Комплетен автор на истото е Александра Белевска, а техничката обработка е на Славчо Спростран.
Свеченостите по повод “Прличевите Беседи“, продолжуваат попладнево и во текот на утрешниот ден.
Извор: www.ohrid.gov.mk |