Препораките кои што одат во правец на формирање на еден одржлив систем во
делот кај Студенчишкото блато ќе бидат испочитувани. Ова, денес во изјава за
медиумите го истакна Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, кој рече
дека за тој дел од градот во рамки на Генералниот урбанистички план е
оставена можност за евентуален Детален урбанистички план кој што во иднина
би се носел. Според тој план со помош на експерти би се утврдувал просторот
каде што постои можност да се реставрира дел од некогашното Студенчишко
блато.
Според кажувањата на стручните служби, уништувањето на блатото започнало во
70те години од минатиот век. Од денешна перспектива не може да се зборува за
блато како природен филтер на езерото кој постои на тој дел од Охрид. И
според експертите од Хидробиолошкиот завод во Охрид реално не постои блато.
- Она што како
термин е посоодветен за користење е наместо зачувување на блатото да се
користи ревитализација бидејќи е покомпатибилен. Ние како одговорна Локална
самоуправа со помош на експерти од областа размислуваме за изградба на блато
на тој дел од градот. Тоа значи дека со постапката за измена на ГУП ние сме
предвиделе во тој дел дека на определен простор може да се разговара за
подигнување на блато, функционално, но сепак тој простор е условен од
неколку предуслови, а пред се од финансиската конструкција. Што значи дека
тој систем што би се подигнал таму треба економски да биде издржан како
проект, да биде функционален и да функционира многу години нанапред,
истакна Спасески.
Според секретарот Спасески ставот на Локалната самоуправа е конзистентен и
доколку денес би сакале да се зборува за животински и растителен свет и за
блато како функционален дел, требаше уште многу одамна експертите да
размислуваат како да го заштитат блатото, да не дозволат фрлање на градежен
шут, да не дозволат прскање на овошките со хемикалии, изградбата на
Булеварот Туристичка, СРЦ „Билјанини извори“ и бензиската пумпа. За жал
денес единство што може да разговараме е за идеи за реставрација на блатото./p>
Извор: www.ohrid.gov.mk |