Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ НА ОХРИД Е ПРИОРИТЕТ НА АКТУЕЛНАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ
Untitled Document

Секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески по изгласувањето на првите пет точки од 59 Седница на Советот на град Охрид кои се однесуваа на Предлог одлуките  за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици,  со став дека одредена група од советниците оваа тема ја претвориле во патетичен обид и дискусијата  ја насочиле во друг правец.

-Во однос на првите пет точки кога предлог на дневен ред беше исклучиво формирање паралелки со помал број ученици, тоа е една појава која континуирано се случува и процес кој континуирано  го одобруваме. Секој август во текот на Седницата се носат  одлуки за формирање на паралелки со помал број ученици и тоа во принцип од процедурален аспект е нормална работа која законот ја дозволува и ја налага. Од дискусиите на советниците на денешната седница  на Совет можевте да видите дека темата која се однесуваше на овој вид паралелки,  одреден број советници ја претворија во патетичен обид да се заврти дискусијата и да се насочи во друг правец. Оваа група советници изнесоа како точни така и неточни статистички податоци во однос на иселувањето од Охрид и причините за неговото појавуавње -истакна секретарот Спасески

Во однос на прикажувањето на состојбите во градот Охрид кои се однесуваа на иселувања секретарот Спасески додаде.

-Навистина она што локалната самоуправа го има како надлежност, секогаш се труди да преземе определени мерки за надминување на оваа состојба пред се во подобрување на економските услови за живеење на граѓаните. Во повеќе прилики градоначалникот Никола Бакрачески има кажано дека ние немаме сомнение дека ќе ги реализираме сите проекти кои што на граѓаните на  Охрид им ги ветивме. Меѓутоа економскиот развој на Охрид е наш приоритет. И токму благодарение на силното лобирање на градоначалникот Бакрачески пред Владата и владините институции, во Охрид за разлика од претходните 20-ина години кога само зборувавме за затворање на фабрики и уништување на индустријата денес по започнувањето со работа на „ОДВ Електрик“ и  најавеното започнување со работа на фабриката „Костал“во Охрид се зборува за отворање нови работни места преку директни странски инвестиции што дефинитивно на подолг рок ќе придонесе за зачувување на младите луѓе тука. Ќе се отворат многу позиции од различни профили каде секој човек ќе може да се пронајде себеси и успешно да се реализира  во сопствениот град. Тоа е  единствениот механизам за спречување на миграцијата или за овозможување услови, а сепак одлуката за мигрирање е лична одлука на поединецот.  Од тој аспект како локална самоуправа сме секогаш отворени за дискусија на оваа тема- додаде Спасески.         

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1386  пати
Објавено на: 15.08.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©