Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ДОМАЌИН НА „АЛТЕРНАТИВНО ЛЕТО„ АЛО 2.
Untitled Document

Утре вечер на скејт паркот во Охрид во организација на Центарот за интегриран развој, а со поддршка на општина Охрид  ќе се одржи  несекојдневен настан на алтернативна музика и екстремен спорт „Алтернативно Лето Охрид “(АЛО 2).

На скејт и БМХ натпреварот ќе учествуваат најмалку 50 натпреварувачи од Македонија и регионот. Покрај натпреварувачки карактер случувањето вклучува и забавен дел со водител и музика. За најдобрите предвидени се соодветни награди.

По завршување на натпреварувачкиот дел ќе се одржи фестивал на отворено со  настап на  познати имиња од алтернативната сцена од Македонија и  регионот: Локален демо бенд, Bad  Contract, The Author i Hardfaced, Last Hope ( Софија) ,  Zvezde Grajma  и DJANS( Србија)  DJ Goce(Скопје).

На настанот се очекува да присуствуваат најмалку 3 000 луѓе, а целта е да се промовира урбаната култура, алтернативната музика и екстремниот спорт. Вакво случување во Охрид за прв пат се одржа минатата година.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1354  пати
Објавено на: 28.07.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©