Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД, ВО ПОСЛЕДНИВЕ 6 МЕСЕЦИ СО ДОАЃАЊЕТО НА НОВОТО ЛОКАЛНО РАКОВОДСТВО НЕ ГЕНЕРИРА НОВИ ДОЛГОВИ
Untitled Document

На денешната седница на советниците им беше кажано  дека по дополнително спроведената евиденција на долгови  заклучно со 19   април 2013 година Општинскиот долг е  33 милиони евра, но и дека  успешно се работи на негово ликвидирање. Само  во  минативе 5-6 месеци Општината исплатила 400 000 евра на име на доверители, како и тоа дека во истиот тој период новата локална Власт не генерирала никаков долг.

“По преземањето на Локалната самоуправа,прва работа кон која пристапивме беше  утврдување на долгот со кој што Општина Охрид се соочува. Она што го најдовме како евидентиран долг беше нешто повеќе од 13 милиони евра. Знаевме дека таа бројка не е конечна односно дека  службите и претходната локална администрација не си ја сработиле работата добро , односно не ги регистрирале сите долгови. Формиравме нови работни групи кои пристапија многу темелно кон проблемот.  Тие констатираа дека, заклучно со 19 април 2013  по основ на  сите предмети кои до тогаш  не беа евидентирани односно се евидентираа дополнително, Општина Охрид должи нешто повеќе од 33 милиони евра. Од нив   точно се знае на кого и во колкав износ се должат  25 милиони  евра, додека  останатите  7 милиони  и 900 000 евра се се уште потенцијален но сигурен долг, кој  Општината ќе го добие по судската разврска со доверителите“, рече Секретарот на Општината, Димитар Спасески.      

Во периодот од  последниве  6 месеци од кога е и новата Локална власт, Општината не генерира нови долгови што е многу важно.

“Значи немаме ниту едно евро генерирано нов долг, а во овие 5-6 месеци имаме исплатено  повеќе од 400 000 евра на име на долгови. Состојбата со луѓето и фирмите на кои општината им должи се стабилизира, луѓето добиваат надеж, потпишуваме спогодби  и пристапуваме кон нивно исплаќање. Апсолутно ја враќаме довербата на луѓето во процесот   но и  во нас како локална Самоуправа“, додаде Спасески.
“Ние сме уверени дека со нашиот начин на менаџирање и со домаќинското раководење кое Градоначалникот Никола Бакрачески го наметна од првиот ден на својот мандат,  ќе успееме во голем дел самостојно да ги сервисираме овие долгови“, потенцира секретарот Спасески.  

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1257  пати
Објавено на: 29.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©