Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СТАРТУВА ЛЕТНИОТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ
Untitled Document

На 1-ви јули стартува летниот режим на сообраќај. Предлог одлуката за организирање на режимот на сообраќај  во  лето денес на 25-та седница, го аминуваа и советниците во Советот на Општина Охрид. Улици затворени за сообраќај ќе бидат: “Кеј Маршал Тито“ од пресекот со кружниот тек на сообраќај до пресекот со улица “Ванчо Николески“; улица “Ванчо Николески“ од пресекот со улица “Партизанска“ до улица Кеј “Маршал Тито“’, пешачката патека од Центарот за обука на вода“до Горица. На плоштадот“Св. Климент Охридски“,  на улица “Цар Самоил“,улица “Коста Абраш“ и улица “Илинденска“ се забранува секаков вид на моторен сообраќај освен на жителите на Стар Град  во временски интервал од 05 часот до 20 часот, при што целиот овој простор ќе се користи како пешачка зона поврзана со чаршијата  и улицата “Кеј Маршал Тито“.


Во период од 20 часот до 05 часот  наутро  на крајот од ул. “Македонски Просветители “ ( кружен тек –плоштад) ќе се постават подвижни столбчиња за безбедно да се одвива пешачкиот сообраќај, а на раскрсницата  на улица “Македонски Просветители“ со улица “Партизанска“ ќе има физичко присуство за регулирање на сообраќајот.
Во период од 20 до 05  часот  на кружен тек , улиците “Илинденска “, Цар Самоил“ и на Коста Абраш “ се забранува секаков вид сообраќај. Дотурот на роба во трговските и угостителски објекти во Стар град ќе се врши во време од 05.00 до 09.00 часот наутро. На наведениот простор дозволено ќе биде да се движат само специјални возила на МВР,АРМ, санитарни, комунални, погребни и ППЗ возила.


Улиците „Св. Климент Охридски“(кружен тек), “Коста Абраш“, “Цар Самоил“ и “Илинденска“ се прогласуваат “Зони на смирен сообраќај“ при што брзината на движење  се ограничува на брзина на движење на пешаци.


Во стариот дел од градот движењето на возила е дозволено само за жителите на Стар Град кои ќе добијат специјални налепници за движење на возила  кои ќе се издаваат во Секторот за комунални дејности сообраќај и  улици при Општина Охрид.   Улицата “Св. Климент Охридски“, чаршијата, плоштадот “ Чинар“, улица “Гоце Делчев“, се забрануваат за сообраќај преку целата година. Летниот режим на сообраќај ќе трае  до 31 август 2014 година.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1306  пати
Објавено на: 30.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©