По неодамнешната средба на градоначалникот Никола Бакрачески со жителите
од селата Вапила и Ливоишта на која им беше ветено дека ќе се санира патот
од селото Косел до селото Вапила и од Вапила до Ливоишта, денес се отпочна
со негова санација и пополнување на ударните дупки.
Секретарот Спасески на лице место утврдуваше до каде и како се одвиваат
градежните активности за санација овај пат. Ова е само привремено решение
додека Локалната самоуправа не отпочне со целосна негова реконструкција.
Инаку патот од селото Вапила до селото Сирула кој од пред дваесетина дена
започна комплетно да се реконструира е при крај. Проектот за патот од
Вапила до Сирула опфаќа реконструкција на 1 700 метри и изработка на нов пат
во должина од 2 700 метри.
Проектот за асфалтирање на патот од Вапила до
Сирула е проект за кои општина Охрид доби зелено светло од Агенцијата за
финансиска поддршка на руралниот развој, а се дел од програмата на Локалната
самоуправа за развој на руралните средини.
Извор: www.ohrid.gov.mk |