Секое такси возило регистрирано во Охрид, покрај лиценца за извршување на дејноста, задолжително ќе мора да поседува и налепница издадена од страна на локалната самоуправа, во која се наведените цените за таксите превоз на македонски и англиски, како и телефоните за пријавување на злоупотреба од страна на некои несовисни такси превозници.
Во текот на летниот период, многу често до општина Охрид пристигнуваа поплаки од страна на корисници на такси превозот, посебно од странските гости, кои реагираа на несоодветната цена на услуга, која своеволно и без почитување на утврдената тарифа ја наплаќаат некои таксисти. Сега, граѓаните и гостите ќе можат да знаат колку е цената на превозот и доколку има некој проблем по таа основа, ќе можат да реагираат до надлежните институции- истакна секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.
Покрај ова, наскоро сите возачи на такси возила ќе мора задолжително да имаат и легитимација, со фотографија и број, која ќе ја истакнат на видно место во такси возилото.
Извор: www.ohrid.gov.mk |