Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА БАКРАЧЕСКИ ПО ПОВОД НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ВЛАСИТЕ
Untitled Document

Соживотот и заедништвото се белег на Република Македонија ,а мултиетничкото општество  е културно и духовно богатство на земјава. Историјата напишала многу страници за Македонија, а во неа незапирливо се говори за значајната улога на Власите и нивниот идентититет кој како индивидуален избор на поединецот е достоен за почит. И ден денес Влашката заедница има значаен удел во општественото ,културно и политичко влијание и на денешен ден се потврдуваат вредностите и длабоката традиција и посветеност на Власите за просперитет и благосостојба на нашата држава.
Со нескриено задоволство и почит Ви го честитам Националниот ден на Власите и Ве уверувам дека и понатаму заеднички и несебично ќе ги негуваме традицијата, идентитетските, историските,  и културни вредности и заедно ќе придонесуваме во издигнувањето на Охрид како град кој не спојува и ги унапредува меѓуетничките односи, разбирањето и толеранцијата
– стои во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески упатена до припадниците на влашката заедница по повод одбележувањето 23 – ти мај, Националниот ден на Власите.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1232  пати
Објавено на: 23.05.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©