Екипите на Р.Е.Водовод Охрид во среда, 24 април, со почеток од 00.00 ч. до 18 часот ќе вршат интервенција на водоводната мрежа , односно превземање редовни активности пред почетокот на летната сезона како што се измивање на водоводната линија, вршење поправки на главните шибери, отклонување на дефеци и сл.
Прекин во водоснабдувањето ќе има целиот град и потрошувачите до хотел Метропол, додека населените места Лескоец и Велгошти ќе имаат нормално водоснабдување.
Извор: www.ohrid.gov.mk |