Наредните три дена во посета на ОЕМУЦ“Св.Наум Охридски“ ќе бидат ученици и наставници од збратименото училиште “Тоза Драговиќ“ од Крагуевац, Република Србија.
Гостите беа пречекани во училиштето со пригодна програма.
Ваквите средби се една убава можност да се зацврстат врските за мир и пријателство, да се воспостави чувство за љубов, братство, солидарност и соработка, како и споделување на културните и историските богатства меѓу нашите училишта, професори и ученици, кажа директорот Јане Цаноски во својот поздравен говор.
Извор: www.ohrid.gov.mk |