Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ МИСИЈАТА НА ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ОД РЕПУБЛИКА СРБИЈА ВО ОХРИД
Untitled Document

Денес завршија работните обврски на полициските службеници од Република Србија во Охрид. Нивната мисија е резултат на взаемна соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи на Република Србија и Република Македонија. Во текот на изминатите два месеци, во две работни групи во Охрид, престојуваа и заедно со македонските полицајци се грижеа за безбедноста на граѓаните и туристите четворица полициски службеници од полициските управи во Белград и Панчево.

По повод успешното завршување на исклучително успешниот проект и работата на мешовитите македонско-српски полициски патроли, денес, полициските службеници Славољуб Стојилковиќ и Никола Мијиќ беа примени од членот на Советот на општина Охрид Ангел Јанев. 

-Соработката со колегите од Охрид беше професионална и успешна. Во однос на интервенциите немаше ништо што ја загрози нашата безбедност, граѓаните се задоволни, а исто и туристите, особено српските кои имаат каде да се обратат за помош и некако се чувствуваат посигурни. - истакнаа полициските службеници од Србија.


Задоволство од успешната мисија и меѓусебна соработка изрази и советникот Јанев. Тој посебно нагласи дека оваа соработка е пример како треба да соработуваат двете министерства, но и пример за граѓаните од двете земји за меѓусебната блискост и насока како врз основа на пријателство и почитување треба да се одвиваат односите меѓу двата народи, посебно затоа што српските туристи се едни од најбројните во Охрид. Тој ги покани двајцата полицајци и во иднина да доаѓаат во Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1249  пати
Објавено на: 14.09.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©