Во рамки на проектот за меѓународна соработка и унапредување на односите меѓу учениците, професорите и родителите, во неколку дневна работна посета на Измир Р. Турција е директорот на ЕМУЦ Св. Наум Охридски, Јане Цаноски.
Директорот Цаноски оствари работна средба со директорот на техничкото и индустриско средно училиште “Мерсинли“ , Енвер Туркоглу при што беше потпишан договор за меѓусебна соработка. Согласно потпишаното во наредниот период двете училишта се обврзаа да работат на зацврстување на меѓусебниот мир и братство како и промоција на културните вредности и модернизација на наставно образовниот процес.
Извор: www.ohrid.gov.mk |