Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ПАЗАРЕШЕ И ДОНИРАШЕ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ОХРИЃАНИ
Untitled Document

Во рамки на одбележувањето  на “Неделата на борба против гладта“, денес градоначалникот Никола Бакрачески,  претставници од Општината и Советот   со купување  прехранбени производи  се вклучија во акцијата што Локалната  ја реализира заедно со Црвен – Крст Охрид, а се однесува на донирање прехранбени пакети за социјално загрозените семејства  од градов.

„Сакам да упатам апел до сите граѓани на Охрид  да се вклучат што е можно по масовно во оваа хуманитарна мисија заедно со службите на Црвен  Крст или индивидуално да ја поддржат кампањата за борба против гладта, и на тој начин сите ние  да се солидаризираме со нашите сограѓани кои што кубурат со основните производи за живот“.
Денес градоначалникот укажа на проект кој станал практика со преземањето на градоначалничкиот мандат.

“Јас формирав неколку екипи од вработени во локалната самоуправа  кои секојдневно се на терен низ Охрид,  низ  приградските населби и села и  по дојава или по сопствена проценка прават увид на загрозеното семејство. Потоа доставуваат извештај до мене по што јас заедно со надлежните служби одлучуваме и преземаме мерки да им помогнеме на семејствата кои се во незавидна материјална положба“, додаде Бакрачески.   

Општина Охрид од својот буџет има издвоено средства за учество во хуманитарни настани.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1269  пати
Објавено на: 17.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©