Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
О Г Л А С БР. 02/2014 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА (ПРИМЕРОК ЗА ПОНУДУВАЧИ)
Untitled Document

Врз основа на Одлуката за усвојување на годишната програма за поставување на урбана опрема во Општина Охрид за  2014  годин бр. 07-2653/45 а,  донесена од страна на Советот на Општина Охрид на седницата одржана на ден 11.03.2014 година, Општина Охрид објавува:

О Г Л А С  БР. 02/2014
ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ
НА ПОВРШИНИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА
(ПРИМЕРОК ЗА ПОНУДУВАЧИ)

1. Општина Охрид   издава површини  за поставување на урбана опрема за комерцијално користење.
2. Површините за поставување на урбаната опрема се за следната намена:

2.1 ПРОДАЖБА НА СЛАДОЛЕД  – 22 површини - локации
Површините за поставување на фрижидери се лоцирани на:

- По должина на кејот планирано е поставување фрижидери, групирани по два на приближно растојание од 50м(според шемата);

- На плоштадот „Крушевска Република“;

- На левата страна на пешачката улица која оди кон Горица од парцелата за „обука на вода“.

Графички приказ со нумерички ознаки на локациите дадени се во планот на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2014 година.
Површината наменета за поставување на фрижидери изнесува 4м2 по локација.
На секоја локација можат да се постават максимално 2 стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце.

2.2 КНИГИ - 4 локации;

Површините се лоцирани на ул.„Македонски Просветители“ – тротоар на просторот помеѓу ТЦ„Амам“ и комплекс„Летница“.

Графички приказ со нумерички ознаки на локациите дадени се во планот на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2014 година.
    Површината наменета за продажба на книги изнесува 6м2 по локација.

2.3- СУВЕНИРИ  - 64 локации;

Површините се лоцирани на:

- Површина по поплочената патека помеѓу влезот во „Самоиловата тврдина“ и комплексот „Плаошник“;

- Плоштад Крушевска Република и

- На левата страна на пешачката патека која оди кон Горица од парцелата за „Обука на вода“.

- на други места во стариот дел од градот според графички прилог

Графички приказ со нумерички ознаки на локациите дадени се во планот на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2014 година.       

Продажбата на сувенири ќе се обавува на поставени тезги од ЈП Градски пазар со димензии 2.00x1.00 односно 1.60x0.80.

3. УРБАНА ОПРЕМА ВО ФУНКЦИЈА НА ТУРИСТИЧКИ, КУЛТУРНИ И СПОРТСКИ НАСТАНИ.

3.1 ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА (забава на отворено) – 8 локации:

На дел од улица „1-ви Мај“која е забранета за сообраќај,, и тоа:

-2 локации по 200м2;
- 2 локации по 100м2;
- 4 локации по 25м2.

Графички приказ со нумерички ознаки на локациите дадени се во планот на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2014 година.

Увид за местоположбата на површините, утврдени во графичкиот прилог на програмата за поставување на урбана опрема според намената утврдена во точка 2,  може да се изврши од 12.05.2014 до 13.05.2014 година во период од 12 -15 часот во просториите на Општина Охрид.

4. Почетна  цената за издавање на локацијата е :

- за локациите за поставување на фрижидери за продажба на сладолед(4м2) 5000.оо денари./месечно
- за локациите за продажба на  книги на поставени тезги(6м2) – 8000.оо денари/месечно.
- за локациите за продажба на сувенири(2.00x1.00 односно 1.60x0.80) – 3000.оо денари/месечно.
- за локациите за поставување на детски забавни игри за локација – 250.оо денари по м2 месечно. 

Во почетната цена за издавање на локација не се содржани комуналната такса, одржување на хигиена и приклучок и потрошок на електрична енергија.

Комуналната такса за просторите под точка:  2.1, 2.2, 2.3,  и 3.1 изнесува 7 денари по м2 дневно.

4.1 Почетните цени се однесуваат:

- за период од 30 дена по точки: 2.1, 2.2, 2.3 и 3.1 согласно Одлука на Совет бр. 07-2653/45 од 11.03.2014 година.

4.2 Продажбата на сувенири и книги ќе се одвива на поставени типизирани тезги од ЈП Градски пазар, за што надоместокот за тезгата е обврска на понудувачот.

4.3 Трошоците за хигиена и електрична енергија вклучително и приклучок паѓаат на товар на понудувачот.

5. Договорите со најповолните понудувачи за точка: 2.1, 2.2, 2.3,  и 3.1  ќе се склучуваат за времетраење од 90 денови, односно од 15 јуни до 15 септември 2014  год.

6. Поставувањето на  урбаната опрема ќе отпочне по склучувањето на Договорот и добивање на одобрение од Секторот за урбанизам и заштита на животна средина.

7. Доставување на понуда

7.1 Понуда  може да достават сите физички и правни лица регистрирани за вршење на  дејноста наведена во точка 2.

7.2 Учесникот на огласот (понудувачот) треба да достави:

- Документ за регистрирана дејност, издаден од  Централен регистар на РМ или соодветен документ - доказ дека припаѓа на соодветно здружение (не постар од 6 месеци);
- Потврда дека нема заостанати обврски кон Општината по основ комунална такса и закуп на урбана опрема; Издавач на потврдата е Секторот за финансиски прашања при Општина Охрид.
- Понуда на унифициран образец (Унифицираниот образец може да се подигне во Општина Охрид).
- Уплатница на име депозит за учество во висина од 3000.оо денари.

7.3 Понудата треба да биде доставена во затворен ковер со назнака,,До Општина Охрид, ул.„Димитар Влахов“ бр.57 - 6000 Охрид за оглас 02/2013 (поставување на урбана опрема), со задолжителна назнака ,,Не отворај’’.

7.4 Понудите да се достават најкасно до 16.05.2014  година до 15:00 часот преку пошта или лично во архива. Понудите пристигнати после наведениот рок нема да се разгледуваат.

7.5 Понудите по точка: 2.1, 2.2, 2.3  и 3.1  да бидат со важност од 90 дена.

7.6 Депозитот за учесниците кои нема да добијат локација на јавното наддавање е повратен, додека за учесниците кои ќе добијат локација на јавното наддавање ќе се одбие од вкупната цена на склучениот договор.

8.Начин на отворање

8.1 Јавното наддавање ќе се изврши на 19.05.2014 година во 12 часот во просториите на Општина Охрид согласно Правилник кој ќе му биде достапен на секој понудувач.
8.2 За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена под услов да го исполнува условите предвидени во точка 7.2.

9.Склучување на договор

9.1 Договор ќе се склучи со понудувачот кој  понудил највисока цена на јавното наддавање.

9.2 Пред склучување на договорот понудувачот е должен во целост да ја измири понудениот износ вклучувајќи ја и комуналната такса.

КОМИСИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОГЛАСОТ

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1330  пати
Објавено на: 06.05.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©