Заводот за кардиоваскуларни заболувања, со поддршка на општина Охрид, вчера со пригодна акција го одбележа 29. Септември- Светскиот ден на срцето. Претседателот на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска истакна дека превенцијата на кардиоваскуларните заболувања е посебно важна во намалување на ризик факторите. Таа нагласи дека на тоа посебно треба да обрне внимание , бидејќи оние кои веќе имаат кардиоваскуларни проблеми треба редовно да се во директен контакт со здравствените работници.
-Оние кои што се условно здрави се тие кои остануваат недоволно информирани за можноста да откријат одредени ризик фактори и да ги модифицираат. Секако дека постои контрола на крвниот притисок, на вредностите на шекерот во крвта и на други состојби кои што можат многу долго да одат без симптоми, а луѓето да ги имаат. Тоа треба да се направи на примарно здравствено ниво со повремена контрола на електрокардиограм и при минимални симптоми и да не зборуваме за модифицирање на начинот на живот- рече Коњаноска. Според Коњаноска има потреба од постоење на еден ваков ден за да не потсетува дека над 17 милиони луѓе годишно од светската популација прерано умираат заради срцеви заболувања и мозочен удар.
Светскиот ден на срцето е востановен во 2000-та година од страна на Светската федерација за срце ( World Heart Federation). Се одбележува ширум светот а има за цел да ја зголеми информираноста на населението дека срцевите заболувања и мозочниот удар се водечка причина за смртност во светот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |