Градоначалникот Никола Бакрачески, денес оствари работна средба со директорот на канцеларијата на Светска Банка, Горан Тињиќ и неговите соработници. На средбата Тињиќ се интересираша за проектите кои се реализираат преку Светска банка и можностите за идна соработка. Директорот Тињиќ истакна дека Светска банка за наредната година планира нова кредитна линија во висина од 29 милиони долари, кои ќе бидат инвестирани во интегриран развој на туризмот и подобрување на општинските услуги. Овие кредитни линии ќе содржат и грант компонента, а предност ќе имаат проекти со регионален пристап.
Градоначалникот Бакрачески ја истакна одличната соработка со Светска банка, наведувајќи ги проектите кои се во тек, а кои се однесуваат на инфраструктурни зафати во Охрид и поширокото подрачје. Гордана Поповиќ Фридман, експерт за развој на приватниот сектор, информираше дека Светска банка наредниот месец ќе објави пилот – повик за да се испита подготвеноста на општините во Македонија со свои проекти да аплицираат за поволна кредитна линија во висина од 18 милиони долари, за инвестиции во туристичката инфраструктура и регионалната и локална конкуретност во туризмот.
Соговорниците се согласија дека Светска банка би можела, а тоа е можеби е најцелисходно за поширокото подрачје, да се направи регионална стратегија за развој, која финансиски би била поддржана од оваа реномирана институција и би ги детерминирала правците за развој на подолг период.
Извор: www.ohrid.gov.mk |