ОХРИД ПРОМОВИРАН ВО СВЕТСКИ ТУРИСТИЧКИ МАГАЗИНИ И СПИСАНИЈА
Untitled Document
По три месеци од одржување на промотивната тура „ Охрид 2015 “ позитивните ефекти од настанот со несмален интензитет се чувствуваат и денес.
По објавувањето на репортажата за Охрид на осум страни во словенечкиот магазин за туризам „Ревија Хоризонт“, објавени се и репортажите за Охрид во јунскиот број на списанието „GLOBER“ кое се дистрибуира во авионите на компанијата „АТLASGLOBAL“ кои летаат до престижни турски градови како и во, Париз, Лондон, Келн, Амстердам, Дизелдорф. Списанието се печати на англиски и турски јазик, со тираж од 72.000 примероци а просечно на ден го читаат околу 15 000 луѓе или 450-500.000 читатели месечно.
Во тек се подготовките за печатење на списанието „PRONTO“ каде Охрид повторно ќе најде место како туристичка дестинација. Репортажи за Охрид се очекува да се објават на страниците на уште 10-тина други туристички магазини во Турција.
Воедно, турските сателитски телевизиски станици, АTV и Ahaber ги објавија репортажи за Охрид. Овие популарни телевизиски сателитски канали со милионска гледаност во Р. Турција објавија репортажи кои се емитуваа неколку пати во текот на месец мај оваа година.
Со организацијата на ваквите промотивни тури, локалната власт го реализира концептот на иновативен и функционален пристап на промовирање на туристичкиот потенцијал на Охрид пред огромен аудиториум, кој што според сите анализи и мислења се покажува како успешен модел на партнерска соработка во туристичката индустрија.
Промотивната тура „Охрид 2015“, се одржа од 2 до 5 април во Охрид. На настанот учествуваа претставници на медиуми од Турција, Русија, Словенија и Србија, како и туроепратори,туристички агенции и туристички работници од Израел, Унгарија, Украина, Австрија, Бугарија и Србија а имаше и претставници од авиокомпанија „Jetlife“. Организатор на настанот беше Секторот за туризам и локален економски развој .