Во акцијата на Министерството за животна средина „ Македонија земја на цвеќето- земја на розите“ утре на 21- ви март ( петок ), ќе се вклучи и општина Охрид.
Локалната самоуправа во содејство со ЈП „ Охридски комуналец“ организира акција за засадување рози. Акцијата ќе започне во 10 часот кај хотелот „ Дончо“, во 10 часот и 30 минути рози ќе се садат во дворот на ОУ „ Григор Прличев“ , а во 11 часот во ОУ „ Христо Узунов“ . Покрај засадувањето рози, во основните училишта ќе се организираат продажни изложби на рачно изработени предмети.
Покрај разубавувањето на јавните површини, акцијата ќе има и еколошко значење бидејќи розите се познати по нивната карактеристика за извлекување на тешките метали од почвата.
Извор: www.ohrid.gov.mk |