Јавното претпријатие „ Нискоградба“ во периодот од јануари до крајот на месец јуни годинава, работеше со добивка во износ од 5.428.869.оо денари. Ваквиот успех на јавното претпријатие доаѓа како резултат на зголемениот обем на работни активности кои се презедоа во првата половина на оваа година.
Во периодот од јануари до крајот на јуни извршено е инвестиционо проширување на мрежата за одведување на отпадни и атмосферски води,односно изградба на улична фекална и атмосферска канализациона мрежа , според барања од Локалната самоуправа на Општина Охрид во должина од 948 метри.
Изградена е фекална канализација во населба „ Лескајца“ и селата, Долно Коњско, Долно и Горно Лакочереј, а атмосферска канализација во
населбата „ Даљан“, улицата „ Пере Тошев“, пешачката патека од „ Студенчишта“ кон „ Горица“ , кружниот тек на пресекот на улица „ Бистрица“ и булеварот „ Туристичка“, селата Горно и Долно Лакочереј и улицата „ Коста Абраш“.
Извршена е санација и поплочување со бехатон елементи во општина Охрид, поставени се армирано бетонски капаци за шахти во Детската градинка „ Билјана“, изградена е пешачка патека од бехатон елементи околу новоизградениот стадион со вештачка трева во СРЦ „Атина Бојаџи“, извршено е уредување на двор на ОУ „ Кочо Рацин“, извршена е изработка на тротоар улица „ Никола Карев“ кај Историски архив
и уредување на пешачка патека во Пештани.
Покрај изведените градежни активности, ЈП „ Нискоградба“ работеше на изведба и одржување на вертикална и хоризонтална сигнализација , како и на редовно одржување на мрежата за одведување на отпадни и атмосферски води.
Извор: www.ohrid.gov.mk |