Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НОВИ САНИТАРНИ ЈАЗЛИ И ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ФАСАДА ВО ОУ “ЖИВКО ЧИНГО“
Untitled Document

Во рамки на работната посета во Охридско струшкиот регион, министерот Спиро Ристоски, заедно со секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески на лице место согледуваа до каде се  започнатите градежните активности околу санација на санитарните јазли во Основните училишта Живко Чинго како и реконструкцијата на фасадниот дел од училиштето.

 На крајот на  месец  март или  почетокот на април  основното училиште“ Живко Чинго“ ќе добие комплетно нови санитарни јазли  и енергетска ефикасна фасада, истакна Министерот  Ристоски.

 Министерството за образование веќе има издвоено   6 милиони денари за реконструкција на кровот и на санитарните јазли во  Основното Училиште “Кочо Рацин“ во населбата Радојца Новичиќ. Процесот на реконструкција ќе започне ова лето  со оглед на тоа што истиот не може да се реализира во период кога се одвива училишната настава.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1410  пати
Објавено на: 13.02.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©