Во просториите на општина Охрид, утре, со почеток во 12 часот ќе се одржи
инфо ден на кој Националната агенција за европски образовни програми и
мобилност ќе ги презентира програмите на Европската комисија во делот на
образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014 – 2020“, како и
иницијативите на ЕУ „Еуропас“ и „Евридика“. Во рамки на инфо денот ќе бидат
истакнати детали од успешно спроведените проекти досега. Настанот е од
отворен карактер и сите присутни ќе имаат шанса да се вклучат со свои идеи.
Преку имплементацијата на „Еразмус плус“ програмата ќе се обезбеди огромна
поддршка на образованието, обуката, младите и спортот, како и личен и
професионален развој на сите учесници во сферата на образованието и младите
и спортот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |