Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
РАБОТНА СРЕДБА МЕЃУ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ И МИНИСТЕРОТ СТАВРЕСКИ
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески денес во општинската зграда оствари работна средба со Министерот  за финансии Зоран Ставрески , на која се разговараше   за целокупната финансиска  состојба на  Општина Охрид  во делот на остварување на буџетот, приходите, расходите како и за проектите на Општина Охрид  финансирани со локални  и државни средства. Градоначалникот Бакрачески  пред Министерот Ставрески  го  изнесен  планот на Општината  за надминување на долговите  а го информира   и за потпишаните спогодби со приватните лица  кон кои општината е должник, околу исплата на долгот  на повеќе рати.  На средбата беше оценето  дека  финансиската состојба на општина Охрид е се уште сериозна од причина што новото локално раководство  наследи   многу тешка финансиска состојба  со  голем број акумулирани обврски кои што не се плаќале од страна на претходното раководство на Општина Охрид . Притоа  беше потенцирано дека Централната Власт   го цени домаќинското работење  на новото локално раководство  и  неговите напори  да се излезе од финансиската криза и затоа  Владата  целосно   застанува и ја поддржува  Општина Охрид . Во таа насока  со 4 милиони евра Централната власт  ќе ја поддржи  Локалната  во поглед на реализација на 10-ина капитални проекти кои се битни за градов и граѓаните а со кои ќе се стартува ова лето.

-Мојата проценка и оценка е дека врз основа на мерките кои што се преземени од страна на градоначалникот Никола Бакрачески  и неговиот тим , направена е санација на буџетот на општината, односно преземени се активности  во насока на реструктурирање на долгот.  Општината потпишала    договори за репрограмирање на обврските   со што е задоволен еден од клучните услови што го поставивме за да може  Локалната самоуправа  понатаму да биде корисник на средства од централната Власт  и да ги добие  кредитните средства од Светска Банка. Исто така можам да видам дека има доста преземено активности за заштеда на трошоци  на расходната страна на буџетот. Секаде каде  што можело направени се заштеди, вклучително и заштеди во делот на јавните набавки каде што преку домаќинското работење се спушта цената на набавките и на тој начин нашата оценка е дека она што можела Општината во овој период да го направи го направила- рече Министерот Ставрески, осврнувајќи  се на    Владината одлука  со 4 милиони евра  да ја поддржи Општина Охрид во реализација на капитални проекти.     

-Со поддршка од Владата и со средства  од Светска Банка, Европската Банка за Обнова и Развој и други институции, во следниов период почнувајќи од летово ќе се реализираат 10-ина капитални проекти во општина Охрид во вкупна вредност од над 4 милиони евра со кои ќе се решат клучни инфра структурни проблеми во различни места во општината и на тој начин ќе се подобри животот на граѓаните, истакна Ставрески.

Владината финансиска помош што Општина Охрид ќе ја добие за капиталните проекти е резултат на добрата меѓусебна соработка и интензивни комуникации, рече градоначалникот Никола Бакрачески кој ги наведе и конкретните проекти за кои ќе бидат наменети финансиските средства.    

 

-Како резултат  на оваа соработка  и интензивна комуникација која ја имавме со Министерството за финансии во изминативе месеци, ќе бидат реализирани бројни проекти со Кредит од светска Банка овозможен преку Министерство за финансии во кој што предвидуваме голем дел на проекти од областа на инфра- структурата. Реконструкција и изградба на улиците: “Питу Гули“, “Ристо Чадо“ , два кружни токови едниот  на делот каде улица “ Булевар Туристичка“ се вкрстува со улиците  “Бистрица“  и со “7-ми Ноември“, реконструкција на локалниот пат од село Елшани до Елешец  како и  реконструкција на   улицата “Илија Смаќоски“ во село Лескоец.  Предвидена е и реконструкција на  детската градинка “Јасна Ристеска“.  Како што   претходно најавив,  ќе имаме набавка на најсовремени машини и опрема за Јавното Претпријатие “Комуналец“, рече градоначалникон Никола Бакрачески.

 Според најавите  и во натамошниот период   Општина  Охрид  ќе ја добива владината поддршка и преку реализација на директни проекти , вклучително и проекти кои ќе бидат составен дел на програмата за следените четири години.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1243  пати
Објавено на: 25.03.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©