На вчерашниот хуманитарен концерт кој се одржа на Градскиот плоштад, на
иницијатива на естрадната пејачка, Елена Велевска, а кој беше во
организација на општина Охрид во соработка со „Црвен крст“ Охрид, се собраа
101 570 денари, 50 евра, 20 австралиски долари, 20 американски долари, 5
новозеландски долари и 20 лева.
Покрај тоа со своја донација со прехрамбени продукти, хигиенски средства и
вода се приклучија и Тамаро маркетите. Собраните средства и продуктитее во
текот на наредните денови ќе бидат доставени до подрачјата погодени од
поплавата.
Уште еднаш изразуваме благодарност до естрадните уметници и до
сите хумани граѓани кои дадоа свој прилог за справување со последиците од
поплавите на погоденото население.
Извор: www.ohrid.gov.mk |