Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ИМ СЕ ПОКЛОНИ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ
Untitled Document

Охрид денеска достоинствено и со пиетет го одбележа Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, учителите на Патронот на Охрид Свети Климент и неговиот духовен брат Свети Наум Охридски. Свеченостите започнаа пред споменикот на просветителите во градскиот парк каде најнапред беше прочитан реферат за делото на сесловенските учители и нивниот животен пат.

Потоа, делегации на Општината, образовни институции, здруженија на граѓани и поединци положија свежо пред споменикот на просветителите Св. Кирил и Методиј.

Програмата беше збогатена со настапот на Петар Маркоски кој изведе инструментална нумера со виолина.

Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, традиционално на овој ден им врачи пригодни признанија на 50-тина ученици од средните и основните училишта за освоените награди на меѓународни и државни натпревари.

Оваа пригодна свеченост , со која ја искажуваме почитта кон делото на солунските браќа ја посветуваме и на нашите млади сограѓани, гордоста на Охрид, кои со својот талент , знаење и упорност се дел од успешните, дел од афирматорите на Охрид кои го потврдуваат епитетот Охрид лулка на знаењето. Во тоа име чувствувам пријатно задоволство што можам, на денешниот празник, на учениците кои во текот на оваа учебна година освоиле мегународни и државни награди, да им врачам по еден пригоден подарок – рече секретарот Спасески.

Нека ни е честит денешниот празник, Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј!

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1277  пати
Објавено на: 24.05.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©