Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЛОВЕНЕЧКИТЕ ИСКУСТВА ЗА ОСОВРЕМЕНУВАЊЕ НА НАСТАВАТА ВО ОЕМУЦ “СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“
Untitled Document

Советникот Ангел Јанев, денес оствари средба со Дарко Лихтенекер, директор на Школскиот центар Велење од Словенија, кој е во посета на ОЕМУЦ “Свети Наум Охридски“. Покрај директорот Лихтенекер, во посета се и директорите на средните стручни училишта од Крањ, Ново Место, Нова Горица и Целје. На средбата присустуваше и директорот Јане Цаноски, кој информираше за досегашната соработка со Школскиот Центар МИЦ од Велење и нивното заедничко учество во проектот “Балкан јуниор“- годишен натпревар на учениците од средните стручни училишта од Велење, Лабин, Тешањ, Никшиќ, Ваљево, Истанбул и Охрид.

На средбата гостинот од Словенија го запозна советникот Јанев за нивните искуства во јакнењето на капацитетите на средните стручни училишта и користењето на европските фондови за опременување на кабинетите и лабараториите. Според Лихтенекер, стручно училиште со квалитетен наставен кадар и технички опрема, е од полза и за компаниите и за пошироката зедница, како одржлив субјект кој може во секој момент да даде квалитетни услуги и производи.
На средбата  Лихтенекер изрази желба, покрај соработката на двете стручни училишта, во иднина да се воспостават поблиски врски и меѓу градовите Охрид и Велење, што со задоволство беше прифатено.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1373  пати
Објавено на: 10.06.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©