Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОТВОРЕН ДЕН ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА
Untitled Document

Во рамки на предвидените активности, како дел од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), Општина Охрид заедно со основните училишта организира „ Денови на меѓуетничка интеграција“.

Како една од предвидените активности беше и денешниот „ Отворен ден“, што се реализираше во ОУ „ Братство Единство“ - модел училиште, на која учество зедоа ОУ „ Григор Прличев“, ОУ „ Климент Охридски“, ОУ  „ Христо Узунов“ и ОУ „ Наум Охридски“ од с.Пештани. На „ Отворениот ден“ поделени во групи учениците реализираа   билингвални работилници, квиз, игри на бетон и игри без граници.

На настанот присуствуваше заменик градоначалникот Ангел Јанев, претставници од УСАИД од проектот за меѓуетничка интеграција, наставници и ученици од основните училишта. „Овој проект покажува колку е важно децата да се воспитуваат на позитивни примери, за да можат посигурно да чекорат кон предизвиците на иднината„ - рече Јанев.

Активностите по повод Деновите на меѓуетничка интеграција, завршуваат со големиот настан, што ќе се одржи во ОУ „Живко Чинго“ во  с. Велгошти во спортската сала „Тодор Александров“ , на 7 октомври 2016 година со почеток во 11 часот, при што ќе бидат презентирани активностите и постигнатите резулатати од досегашните реализирани актвиности со партнер училиштата, што основните и средните училишта од Општина Охрид ги реализираа во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1375  пати
Објавено на: 04.10.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©