Повик за пројавување на интерес за ангажирање тренер
за потребите на дисперзираните класови на спортската академија
Општина Охрид објавува повик за пројавување интерес за ангажирање на :
- Еден ракометен тренер
Конкурсот се објавува во согласност со правилата на
Ракометната федерација на Македонија (РКФ).
Услови кои кандидатите треба да ги исполнат се:
За позицијата ракометен тренер
- да ги
исполнува условите утврдени во член 27, 28 и 29 од Законот за спортот или да
поседува соодветна Диплома и А Лиценца за тренер издадена од страна на РФМ
- да поседува
стручни и професионални знаења во струката, при што се земаат во предвид
задолжително поседување на меѓународни сертификати.
- потврда за
најмалку 2години клубска работа во соодветната категорија за кој кандидат и
тоа во последните 5години или минимум 10 години работа во национална
селекција на Република Македонија.
- потврда за
минимум 5 години работен стаж како тренер.
- да не е
осудуван.
- програма за
работа за периодот за кој се избира со предлог очекувани резултати.
- да поседува
комуникациски, организациски и менаџерски способности, како и способности
за пренесување на знаење и вештини.
- потврда за
познавање на најмалку еден светски јазик.
- постигнати
резултати во неговата професионална кариера, (освоено првенство, куп или
настап во евро куповите.
Изборот на кандидатите ќе го врши комисија составена од претставници на
соодветната спортска федерација и општината.
Сите заинтересирани кандидати својата пројава на интерес , со сите потребни
документи во оригинал , треба да ги достават до Локалната Самоуправа Охрид
(со назнака за – за ракометен тренер за Спортската Академија) лично во архивата на Локалната самоуправа најдоцна до
29.08.2014 година до 12.00 часот.
Општина Охрид
Ул.Димитар Влахов“ бр.57
Општина Охрид
Градоначалник
Никола Бакрачески
Извор: www.ohrid.gov.mk |