По завршување на работниот колегиум со претставници од општинските служби, градоначалникот Никола Бакрачески , вечерва беше на терен со цел да утврди со каков интензитет се реализираат работните активности околу изградбата на плоштадот во непосредна близина на ОМУ „Методи Патчев“. Веднаш потоа градоначалникот Бакрачески беше кај каналот Студенчишта каде неодамна започнаа активностите за изградба на најубавата и најатрактивна пешачка, велосипедска и патека за ролери која ќе води кон хотел Парк и која сигнификантно ќе го промени изгледот на тој дел од градот.
Инаку, веќе е започната изработката на проектната документација за кејот на Охрид кој ќе почне да се реконструира кон крајот на 2015 и почеток на 2016 и заедно со пешачката зона после каналот ќе биде една од најубавите рекреативни променади на медитеранот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |