Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНА 53-то ИЗДАНИЕ НА БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ
Untitled Document

На реконструираната летна сцена „Долни Сарај“, синоќа започна 53-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Охрид деновите од 6 до 11 Јули ќе сјае во колоритот на носиите и ќе бие во ритамот на песната и играта на многу народи.


-          Охрид, деновиве ќе сјае во колоритот на носиите и ќе не разгалува со песната и играта на многу народи, во чија основа е фолклорот како темел на специфичните култури и национални идентитети. Тоа е амбиент во кој се растреперуваат срцата и се будат сите човекови сетила, амбиент кој обединува и ја афирмира општоцивилизациската придобивка на создавање единство на различностите. Таквото суптилно преплетување на културните вредности ќе го почувствуваат и бројните домашни, а посебно странските туристи од речиси сите страни на светот, рече градоначалникот Никола Бакрачески на свеченото отворање на 53. Балкански фестивал на народни песни и игри.


Оваа година фестивалот се одржува на неговата матична сцена „Долни Сарај“ која со помош на Министерството за култура е изградена покриената сцена, а со средства на Локалната самоуправа, јавните претпријатија го исчистија просторот, се поставија ивичници и бехатон плочки. Изграден е нов влез и целиот простор е хортикултурно е уреден.


-          Велат дека уште од далеку се гледа дека „Долни Сарај“ сега има ново руво. Тоа е наша цел. Да го споиме старото со новото, да ги споиме милениумското културно и природно наследство и сегашноста. Во тоа име нека ни е честит почетокот на годинашниот Балкански фестивал на народни песни и игри и да го почнуваме уште многу лета, додаде градоначалникот Бакрачески.


Во наредните денови низ Охрид ќе продефилираат ансамблите на Македонија, Бугарија, Хрватска, Австралија, Црна Гора, Полска, Грција, Србија и Турција.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1317  пати
Објавено на: 07.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©