Европскиот проект за истражување и иновации Scientix , денеска беше
презентиран пред наставниците по Математика, Физика, Хемија и Биологија од
основните и средните училишта од Охрид.
Проектот Scientix е инициран од Европската комисија и е составен од две
фази. Во првата фаза, во периодот од 2009 до 2012 година, како што беше
речено на презентацијата што ја изврши заменик амбасадорката на проектот за
Република Македонија , Силвана Ристоска, востановен е веб- портал, преку кој
се презентираа европските едукативни проекти.
Целта на втората фаза, која е започната во 2013 година е овој проект да
стане достапен и препознатлив на национално ниво, особено за наставниците од
основното и средното образование кои предаваат предмети од природните науки,
со што ќе се промовира европската димензија во образованието.
Извор: www.ohrid.gov.mk |