Јавното претпријатие „Нискоградба“, деновиве започна градежни активности
-поставување на цевки Ф 1000 на отворен канал со што се оформува
инфраструктурата за одводнување на дренажана од постојните терени и новиот фудбалскиот терен со вештачка
треват. Покрај тоа,
претпријатието забрзано работи на подготовка и поставување на подлогата на
новото игралиште кое се наоѓа во рамки на спортски рекреативниот центар
„Билјанини Извори“, а кое се гради согласно стандардите на ФИФА за ваков тип
на терени.
Инаку овај ќе биде еден од најсовремените терени на вештачка трева во
Македонија, а со неговата изградба ќе се комплетира понудата за спортски
туризам во општина Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |