Утре официјално стартува бродската линија Охрид - Поградец што за прв пат
се воспоставува помеѓу Република Македонија и Република Албанија. Пред
првото запловување со оваа чартер линија кое е закажано за 11 часот ,
Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со Министерот за транспорт и
врски Миле Јанакиески на градското пристаниште во Охрид ќе
ја проследат културно уметничка програма што се организира по тој
повод.
Инаку по пристигнувањето во албанскиот град Поградец, предвидено е
Министерот Јанакиески и Градоначалникот Бакрачески да бидат пречекани од
своите албански колеги, Министерот за транспорт и инфраструктура
Едмонд Хаџинасто и градоначалникот на Поградец, Артан Шкембиј.
Бродската чартер линија која ќе сообраќа од Охрид до Поградец во
Албанија, се воспоставува со цел во текот на летната туристичка сезона
по воден пат да се превезуваат туристи во двете земји.
Извор: www.ohrid.gov.mk |