Со дефиле на противпожарните возила низ Охридските улици утре во 10 часот охридските пожарникари ќе го започнат одбележувањето на 20 мај- Денот на пожарникарите во Р. Македонија.
Во 10:30 часот во дворниот простор на ТППЕ – Охрид ќе се одржи презентација на противпожарната опрема, а половина час подоцна во работните простории ќе се одржи свечен прием. Одбележувањето на празникот ќе биде заокружено со крводарителска акција на пожарникарите во Медицинскиот центар во Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |