Од утревечер, под генерално покровителство на Општина Охрид и во организација на Здружението за промоција и развој „За Трпејца со љубов“ , започнува второто издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца.
Општина Охрид секогаш ќе ги поддржува културните манифестации во Охрид. Тие се дел од севкупниот развој на градот. Така, оваа година сме главни покровители на културно – забавното лето “На зајдисонце“ во Трпејца – истакна Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески кој потенцираше дека со вакви манифестации Општина Охрид сака културните збиднувања да стигнат во секое катче во руралните средини.
Во име на Здружението за промоција и развој „За Трпејца со љубов“ се обрати Милчо Јованоски. Тој истакна дека честа оваа година да ја отвори оваа манифестација ќе ја има ансамблот „Билјана Јуниор“. Ќе биде отворена и изложба надела од Мајкл Клос, академски сликар од македонско потекло кој живее и работи во Канада. Во наредните вечери ќе следат настапите на наградени ученици од ОМУ „Методи Патче“ во рамки на вечерната променада „Со кајче по езерото“, концерт на детскиот хор „Распеано ѓерданче“ при КУД „Бисери“, омажот за уметникот – сликар Димитар Кондовски за кого ќе биде емитуван ТВ портрет на МТВ. Во Трпејца ќе биде промовирано мултимедијалното ЦД „Македонските овошни приказни во стих“ од охриѓанката Весна Пирузева. Во забавно – едукативниот дел ќе има работилница по англиски јазик, школа за пливање како и школа за шах. Планирана е и мини регата на кајакарите од КК „Рибар“, а ќе се организира и мини изложба на риболовен алат „Рибарски вистини“.
Програма...
Извор: www.ohrid.gov.mk |