Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ ШЕСТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Советот на општина Охрид , денеска ја заврши шестата седница на која се расправаше за педесетина прашања , а започна со едногласно прифаќање на предлогот , секој советник , од советничкиот паушал да уплати парични средства за помош за лекување на тешко болната Ангела Попоска.

Во првиот дел на седницата на Советот на општина Охрид , со мнозинство гласови , не ги прифати предложените одлуки , за усвојување на годишните сметки и извештаите за работа за минатата 2012 година на јавните претпријатија „Билјанини извори „ , „Градски гробишта „ ,Охридски комуналец „ ,Нискоградба „ ,Градски пазар „ Погребни услуги „ и работната единица „ Водовод „ која е дел од МЈП „ Проаква „ . Не беа прифатени ниту извештаите за реализација на програмите во првите три месеци од годинава, за изградба на системи за водоснабдување, за изградба на системи за за одведување и пречистување на отпадни води, изградба на сообраќајна сигнализација , за одржување и заштита на локалните патишта и улици и регулирање на режимот на сообраќај, за уредување на градежното земјиште, јавното осветлување, локалниот економски развој и поттикнување на туризмот , како и за изработката на урбанистичките планови.

Единствено беше прифатен извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста во областа на сообраќајот за периодот од 1 јули до 31 декември 2012 година. Советот ги прифати одлуките за усвојување на програмите за 2013 година , за детска заштита, култура , образование, социјална заштита , спорт, локален економски развој и поттикнување на туризмот , уредување на градежното земјиште , за други комунални услуги, јавни паркови и зеленило, капитални инвестиции за јавни паркови и зеленило, изградба и реконструкција на локални патишта и улици, за јавно осветлување, одржување и заштита на локални патишта и регулирање на на режимот на сообраќај ,изградба на системи за одведување и пречиствување на отпадни води, изградба и одржување на системи за водоснабдување, за јавна чистота, изградба на сообраќајна сигнализација и изработка на урбанистички планови.

За реализирање на предложените програми , советниците , со мнозинство гласови , денеска ги усвоија измените и дополнувањата на Буџетот на општина Охрид за 2013 година и одлуката за негово извршување.Беа донесени одлуките за комунален ред, општински линиски превоз на патиници и пренесување на право на сопственост врз недвижни предмети. Советниците , ги прифатија предлог одлуките за основање на јавно претпријатие за изградба , одржување и користење на спортски објекти и јавни паркинг простори и измената за отстапување на паркинг просторите на ЈП „ Билјанини извори„ .

Согласно законските прописи , Советот на општина Охрид ги усвои одлуките за надоместок за трошоци на локалните избори , членовите на Општинската изборната комисија и избирачките одбори, како и за избор на мобилен оператор за потребите на советниците. На денешната седница , беа усвоени одлуките за давање согласност за склучување договор за востановување на регионален одбор за управување со отпад во Југозападниот плански регион, беа утврдени цените за краткорочен закуп на уредено градежно земјиште за поставување урбана опрема и за поставување рекламни паноа.Од урбанистичката сфера беше прифатен ДУП за УЗ 12 , а беше расрешен и именуван член на училишниот одбор во ОУ „Христо узунов„ .

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1234  пати
Објавено на: 10.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©