Во насока на зајакнување на локалниот економски развој, стимулирање на социјалната интеграција на невработените и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, општина Охрид во соработка со Општинската јавна установа „Кузман Шапкарев“ од 30 јуни започна со стручни обуки на 11 невработени лица во делот на електро струката.
Претходно, одделението за локален економски развој преку анкетен прашалник доставен до фирмите, ги доби конкретните емпириски податоци ,а преку методот на анализа со кој се разделуваат различните образовни профили и степенот на образование доби релевантни податоци за обемот на побарувачка на работна сила како и профилите на занимања кои ги бараат работодавците на територијата на општина Охрид.
Имајќи ги во предвид резултатите од истражувањето, Конкурсот за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви за невработени лица се однесуваше на стекнување основни познавања во делот на електро и машинската струка.
Заложбите на општина Охрид за реализација на стручни обуки преку „Активните мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд“ со несмален интнзитет ќе продолжат и во иднина се со цел полесно, квалитетно и ефикасно поврзување на понудата и побарувачката на човечки ресурски на пазарот на трудот. Извор: www.ohrid.gov.mk |