Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
РЕГИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА „ГРАДЕЊЕ НА ЕКОЛОШКАТА ОТПОРНОСТ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЛОКАЛНИТЕ ЗАЕДНИЦИ КОИ СПОДЕЛУВААТ МЕЃУНАРОДНИ РЕЧНИ СЛИВОВИ“
Untitled Document

Во хотел Гранит, денес, започна тродневната регионална работилница, која е во организација на Регионалниот центар за животна средина за цетрална и источна Европа, а е дел од CRESSIDA проектот.
Работилницата ја отвори градоначалникот Никола Бакрачески, кој на учесниците им посака топло добредојде и успешна работа.

Регионалната работилница, уверен сум дека ќе придонесе за размена на искуства во управувањето со меѓународните речни сливови каков што е случајот со реките Дрим и Дрина.Пилот проектите на општините вклучени во проектот, ќе помогнат за регионално вмрежување  и изнаоѓање заеднички применливи решенија за управување со сливовите и обезбедување на одржлив развој.Во тој конктекс важно е да се подобрат капацитетите на општините, но и вклучување на други засегнати субјекти, особено бизнис заедниците, рече градоначалникот Бакрачески, додавајќи дека општина Охрид има искуства во водењето на вакви или слични проекти кои се имплементираат заедно со партнери од соседна Албанија.Потребата од заедничка заштита на Охридското Езеро, кое вклучено во листата на УНЕСКО како светско природно наследство, е идентификувано пред дваесетина години, физибилити студијата е изработена во 1995 , а во 1996 година е потпишан Меморандум за соработка меѓу министрите од двете земји, задолжени за животната средина.

CRESSIDA претставува регионална програма која е финансирана од страна на Агенцијата за животна средина на САД, а се спроведува од страна на Регионалниот центар за животна средина за централна и источна Европа.

Поздравно обраќање имаше и проект менаџерот на CRESSIDA, Михалак Кирјо, кој истакна дека претставува вистинска чест што градоначалникот на Охрид ја отвори работилницата. Тој ја потенцираше важноста од вклучување на општините но и градоначалниците во одржливиот развој, а притоа изразувајќи благодарност за сите ангажмани кои градоначалникот Бакрачески ги прави во таа насока.

Работилницата ќе трае три дена, а ќе бидат презентирани различни искуства во одржливиот развој од претставниците на повеќе земји од регионот. За крај на работилницата се очекува да се донесат заклучоци и препораки за унапредување на еколошката отпорност за одржлив развој.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1370  пати
Објавено на: 12.10.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©