Денеска на Спортско рекреативниот центар “Билјанини Извори“ се одржа “Грасрут“ настан, кој го организира Фудбалската федерација на Македонија, а главен покровител е општина Охрид.
“Грасрут“ настанот кој во Охрид се одржува за прв пат, го отвори секретарот на општина Охрид Димитар Спасески кој им посака напредок и успех на младите спортисти.
Спртот е одличен повод за дружење, спортскиот дух ги сплотува младите и им дава елан и енергија. Вашата желба за успех оди во во насока на се поголема промоција и унапредување на спорот во нашиот Охрид – истакна секретарот Спасески.
На “главниот“ терен на “Билјанини Извори“ ќе продефилираат околу 130 дечиња.
Учесниците ги очекуваат многу изненадувања и дружење, а меѓу гостите ќе бидат селекторите од помладите категории.
Извор: www.ohrid.gov.mk |