Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЕВРОПСКАТА УНИЈА ТРЕБА ДА ЈА ПРИТИСКА ГРЦИЈА ЗА РЕШАВАЊЕ НА БИЛАТЕЛАРНИОТ СПОР СО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Untitled Document

- Од македонска страна, прашањето за јазикот и за името на државата е длабоко национално прашање. На друга страна, за истата работа постои Грција за која тоа е едно политичко прашање кое треба да се реши на политички начин. Тоа нема никакво влијание на животот во Грција. На грчката страна нема доволно разбирање, а мене ми се чини дека не постои и доволен притисок на Европа врз Грција за да се забрза решевањето на македонско-грчкиот спор – изјави поранешниот претседател на Република Хрватска Стјепан Месиќ.

Запрашан за иднината на Европската унија , Стјепан Месиќ  изјави дека „ без да се здружат сите држави од Југоисточна Европа во Европската Унија, Унијата би била нецелосна“ - истакна поранешниот претседател на Хрватска при денешната посета на Охрид.

- Ние не смееме да тргнуваме од тоа дека Хрватска сега е во ЕУ и треба да соработува само со неа. Мораме и натаму соработуваме и нашата цел треба да биде влез на сите држави од ЈИЕ во Европската унија. Кога Унијата мора да се здружи заедно со сите овие држави, со нашето соседство, дури тогаш Европа ќе биде голем светски играч. Без тоа таа ќе биде инвалидна, нагласи Месиќ при денешната посета во Општина Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1237  пати
Објавено на: 27.08.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©