Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЕВН ТРЕБА ГО ЗАМЕНИ ОШТЕТЕНОТО БРОИЛО СО НОВО ЗА ДА ЗАСВЕТАТ ТРИ ГРАДСКИ УЛИЦИ
Untitled Document

Општина Охрид  денеска од  надлежните служби на ЕВН Македонија  побара  во најскоро време    да го заменат  броилото за улично осветлување кое е во дефект со ново,  затоа што истото е   причина   деновиве   без улично осветлување да  се три градски улици“Марко Цепенков“од кружен  тек  2 до Стобекс, улица “Прва Македонска бригада“ од Стобекс до воениот магацин и улица “Момчило Јорданоски“ од кружен тек 2 до населбата “Бараки“, лево и десно, како и до Охрид 2 односно до таканаречената 110-ка.
Од ЕВН Македонија  велат дека во најскоро време ќе го заменат оштетеното со ново броило и трите улици повторно ќе бидат осветлени во целост.
Инаку броилата за улично осветлување се на општина Охрид но  промената  ја врши    ЕВН  - Македонија. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1309  пати
Објавено на: 13.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©