Во дводневна неофицијална посета на Охрид, престојува принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ. Денеска на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ таа беше пречекана од претседателката на охридскиот совет Гордана Коњановска.
Принцезата Караѓорѓевиќ прв пат доаѓа во Охрид. Во рамки на посетата таа ќе ги разгледа културно историските одбележја на градов, а ќе ги посети и продавниците за охридски бисер и филигран.
Принцезата Јелисавета родена е во Белград како единствена ќерка на југословенскиот кнез Павле и грчката и данска кнегиња Олга. Нејзин постар брат е принцот Александар. Таа е во второстепено сродство со шпанската кралица Софија и принцот Чарлс од Велс, а исто така е роднина и со принцот Мајкл, сегашен војвода од Кент и принцезата Александра од Кент. Потомок е на српската кралска династија која владеела со Србија (а потоа и со кралствата СХС и Југославија.
Извор: www.ohrid.gov.mk |