Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица, со седиште, сопственост или живеалиште на територија на Општина Охрид - Република Македонија
Со цел подготовка и печатење на брошура за инвестициски проекти “ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО ОХРИД”, Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица, организации и здруженија со седиште, сопственост на земјиште или други недвижности или живеалиште на територија на Општина Охрид, да поднесат проектни пријави кои опфаќаат разработени идеи од интерес за странски и домашни инвеститори во следните области:
Формуларите со основните податоци за проектите можете да ги симнете од веб страната на Општина Охрид, електронски да ги пополните и да ги доставите до: goran.mickoski@ohrid.gov.mk, gjokoapostolov@ohrid.gov.mk,. Утврдениот рок за аплицирање трае до 30 јуни, 2013. Предлог - проектите за инвестиции ќе бидат разгледани од стручна комисија која ќе одлучува за тоа кој од нив ги исполнува условите за да бидат дел од брошурата “ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО ОХРИД” за 2013-2014 година. Проектите кои ќе пристигнат по овој датум ќе се разгледуваат во склоп на следните годишни повици за инвестициски проекти.
Извор: www.ohrid.gov.mk |