Секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески, денеска ги прими претставниците на Taekwon-do клубот HWA RANG ITF од с.Лескоец. Тие со поддршка од Локалната самоуправа на 16 ноември оваа година зедоа учество на меѓународниот отворен туринр, кој се одржа во Бачка Топола, Република Србија и притоа се закитија со медали. На турнирот учествуваа 400 натпреварувачи од 9 земји: Австралија, Швајцарија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Унгарија, Србија, Бугарија и Македонија.
Taekwon-do клубот HWA RANG ITF партиципираше со 5 натпреварувачи и сите 5 освоија награди :
Божидар Димитриевиќ- освои 1 место во спаринг , категорија пионери +40 кг
Антонио Јанески - освои 2 место во спаринг , категорија пионери +40 кг
Христијан Митрески - освои 3 место во спаринг , категорија пионери +40 кг
Дејан Митрески - освои 3 место во спаринг , категорија пионери -40 кг
Христина Митреска - освои 2 место во спаринг , категорија женски пионери -155 см
Од клубот во знак на благодарност за помошта која им ја овозможи Општина Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески и секретарот Димитар Спасески, им врачија благодарници и маички со амблемот на клубот.
Локалната самоуправа и понатаму ќе продолжи да ги подржува спортските клубови од град Охрид и ќе се труди да им ги обезбеди условите кои им се потребни за нормално функционирање.
Извор: www.ohrid.gov.mk |