Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА БАКРАЧЕСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА УНЕСКО- ИРИНА БОКОВА И MICHTELD ROSSLER
Untitled Document

Денес на лично барање на градоначалникот на Охрид  Д-р Никола Бакрачески во Париз во седиштето на УНЕСКО, се остварија средбите кои се од витално значење за Охрид и Охридското Езеро.

На првата средба која се одржа во 11 часот, а траеше повеќе од еден час, градоначалникот и директорот на МЈП Проаква Томе Паскалоски, имаа воведна средба со Michteld Rossler- Директор на одделот за наследство и Директор на центарот за светско наследтво и нејзините соработници одговорни за западен Балкан.

На интро- средбата од страна на градоначалникот беше потенцирано од колкава важност за Охрид, Република Македонија, Западен Балкан, но и во светски рамки, е рехабилитацијата и надградбата на колекторскиот систем околу езерото.

Во текот на разговорот директорката Rossler беше детално запознаена со резултатите од студијата на ЏАЈКА и во делот на оштетувања на системот и во делот за рехабилитација и надградба на истиот. Претставниците од УНЕСКО активно се вклучија во делот на разгледување на сите аспекти за изнаоѓање на можности и механизми за изнаоѓање на оптимално решение на изложениот приоритет број еден на локалното охридско раководство.

Вториот централен состанок се одржа со Генералниот  Директор на УНЕСКО- Ирина Бокова и нејзините најблиски соработници.  Првиот човек на УНЕСКО приреди срдечен прием , на кој најискрено ја искажа нејзината восхитеност од Охрид и Охридското Езеро и нејзиното доживување на истото. Во знак на почит и внимание дел од разговорите беа водени на македонски и бугарски јазик. Нескриено Бокова ја изрази нејзината спремност и јасна определба за лично залагање и лобирање кај одредени моќни меѓународни  финансиски институции пред се и Светска Банка, со цел решавање на едно значајно прашање за уште позначаен град.

На средбата беше договорено да средбите продолжат со претставници на УНЕСКО во месец февруари во Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1386  пати
Објавено на: 15.12.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©