Денес, градоначалникот Никола Бакрачески го прими во протоколарна посета амбасадорот на Кралството Шпанија во нашата земја, неговата екселенција Рамон Абароа. Непосреден повод за посетата е денешното свечено отварање на “Неделата на Шпанскиот филм“ во Центарот за култура “Григор Прличев“.
Бакрачески ја истакна одличната можност за поблиско запознавање на Шпанската кинематографија низ ваквата манифестација и градење на цврсти културни врски меѓу двете земји. Амбасадорот Абароа не го криеше задоволството од неговиот престој во Охрид и можноста за презентација на шпанската филмска уметност и ја изрази својата увереност дека во иднина Кралството Шпанија, секогаш ќе биде подготвено не само на културен , туку соработката со Охрид да биде проширена и на сите други полиња од општественото живеење.
Во текот на седумте вечери, ќе бидат прикажани 7 филмски остварувања од поновата шпанска продукција, а свеченото отворање е со филмот “Метод“ на режисерот Марсело Пињеиро.
Извор: www.ohrid.gov.mk |