Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОБЈЕКТИТЕ НА ЈП „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ ПОВТОРНО СЕ ВКЛУЧЕНИ НА НАПОЈУВАЊЕ
Untitled Document

Попладневно објектите на ЈП БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ од Охрид повторно се вклучени на напојување на мрежата на ЕВН Македонија.
 Вклучувањето следува од како за ова  лично се заложи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој денес преговараше со менаџментот на ЕВН во Скопје.
Сега повторно објектите ќе може да функционираат нормално, ќе се одржуваат тренинзи, а непречено ќе стартува и работата на базенот.
ЈП Билјанини Извори во моментов на ЕВН Македонија и должи нешто помалу од 8 милиони денари, долгови кои се насобирани во периодот од 2008 година до март 2013 година.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1310  пати
Објавено на: 24.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©