Со полагање свежо цвеќе на спомениците на паднатите борци, посета на Спомен домот на Генералштабот од НОВ и ПОМ и богата културно-уметничка програма, денеска во селото Црвена Вода, општина Дебарца и општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната а антифашистичка војна, го одбележаа јубилејот 70 години од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ и насатаните од Револуцијата во 1943.
На спомениците на жртвите од фашистичкиот терор и спомениците на паднатите борци од НОБ свежо цвеќе положи и делегација на општина Охрид.
На одбележувањето пред присутните пригоден говор одржа градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски кој се осврна на значењето на настанот и придонесот на сите членови од Генерал штабот во народноослободителната борба.
Пригодна реч одржа и Гоце Георгиески, претседател на општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебарца.
Извор: www.ohrid.gov.mk |