Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
УСПЕШЕНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ОХРИД НА ТУРИСТИЧКИОТ САЕМ ВО БЕЛГРАД
Untitled Document

На годинашниот Саем за туризам во Белград во присуство на  голем број тур-оператори, туристички агенции, претставници на дипломатскиот кор и политичкиот и јавниот живот, успешно беа презентирани  охридските културни и природни вредности.  За време на  туристичкиот саем, во ресторанот „ Езеро“ на Ада Циганлија   се одржа и традиционалната Охридска вечер, на која пригодно обраќање имаше градоначалникот Никола Бакрачески.


- Ние како нов тренд го најавуваме подолго време и постојано работиме да има голем импакт на зголемување на бројот на туристите кои ќе го посетуваат Охрид. Уверени сме дека ќе вроди со плод оваа наша  нова стратегија со презенатција на охридската туристичка понуда и на културното и природното наследство“, подвлече  Бакрачески. Тој додаде дека слични пормоции ќе следуваат и во други балкански и европски градови, по одржаните во Кина, во градот Далијан. Бакрачески најави туристичка промоција на Охрид  во Европскиот парламент во Брисел, но присутност и во Осло, Тел Авив, Москва, Истанбул, Измир, Сараево, Љубљана, Загреб.


Охридската вечер беше организирана со помош на македонската амбасада во Белград. Нашата амбасадорка Вера Јовановска- Типко ги покани посетителите како што рече, да ја откријат нашата чудесна земја.


Ако прв пат доаѓате во Македонија да ги отворите сите сетила да ги почувствувате сите богатства кои  Mакедонија ги нуди. Доколку доаѓате повторно секое патување е ново искуство“, напомена  Јовановска- Типко. 


Од името на Секторот за туризам и локален економски развој присутните на Охридската вечер во Белград  ги поздрави и раководителот Ѓоко Апостолов. Традицијата и постигнатите успеси на генерациите пред нас се наша сила која ни дава волја да го развивме туризмот во Охрид како наша најјака економска гранка, потенцира Апостолов.


- Горди сме што во континуитет ја подобруваме и унапредуваме туристичката понуда со што го освежуваме традиционалното  гостопримсто. Во стратегијата одиме во чекор со светските трендови и покрај постоечките креираме нови облици на алтернативен туризам. Во него ќе биде вклучено поширокото подрачје со проекти со соседните земји со што овозможуваме на туристичките работници да понудат нови пакети и кружни тури кои ќе побудат интерес на гостите од прекуокенаските земји-, рече Апостолов.


На туристичкиот саем во Белград  беа презентирани и прекуграничните проекти на Балканот кои се поддржани од  Европската унија. Туристите беа запознаети со нови места на кои може да го поминат годишниот одмор во поширокиот регионот.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1335  пати
Објавено на: 24.02.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©